Рафајловски: Зголемувањето на данокот за куќа и стан во кој не се живее е популистичка мерка

Економскиот експерт Горан Рафајловски иницијативата на Владата за зголемување на данокот на имот за становите и куќите во кои сопствениците не живеат ја оцени како популистичка.

- Станува збор за уште едно катастрофално решение, како што беше данокот од 18 проценти за богатите. Јас се сложувам дека треба да се плати повеќе ако не се користи, но тоа треба добро да се пресмета. Ако сакате една милијарда во касата, треба сериозно да се работи во економскиот дел од владеењето, вели Рафајловски за Канал 5.

Педлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот., се најде на една од последните владини седници, но последните информации велат дека е вратен на доработка и треба да се најде на некоја од наредните седници повторно.

Премиерот Зоран Заев во интервју веќе најави дека ќе се менува овој закон и најави дека за втор стан, за куќа во која не се живее, или за деловен простор што не се користи, даночните стапки ќе бидат поголеми за трипати во однос данокот кој се плаќа за простор кој се користи. 

Премиерот вели дека треба да се зголеми данокот на имот поседот на недвижности кои не се во употреба. 

„Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата, рече Заев во интервју за Дојчле Веле. 

Даноците на имот ги наплатуваат општините. Стапката е пропорционална и се движи од 0,1 до 0,2 проценти од пазарната вредност, а данокот се намалува за 50 отсто за станот или за куќата во која се живее.

Коментари

Популарно