Дачиќ: Заев не е политички незнајко, прашање е колку далеку ќе оди со Бугарија

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, кој е и поранешен министер за надворешни работи на земјата синоќа во емисијата Хит твит рече дека премиерот на Македонија, Зоран Заев, не е политички незнајко и дека знае оти неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни.

Дачиќ посочи дека знае дека на Заев му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ и дека тоа го прави заради тоа. Според него, сепак, значајно прашање е до каде ќе отиде Заев во тоа.

Дачиќ реагираше на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија и дека во таа земја имало бугарска администрација за време на Втората светска војна, ставови кои Заев ги изнесе во интервјуто за БГНЕС, а кои предизвикаа реакции и во Македонија.

"Но, не ја прогласувајте бугарската окупација за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер и ние од југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Тие со тоа плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве Југославија повеќе ја нема, што чекате? Ако бевте толку желни да се прегрнете, зошто чекавте до 2020 година “, рече Дачиќ.

Коментари

Популарно