Се огласи и претседателот на ФФМ во врска со Ангеловски и Просинечки

Српските медиуми го најавуваат хрватот Роберт Просинечки како нов селектор на Македонија, и може да се каже дека е топ тема денеска.

Просинечки е без работа откако на крајот на ноември доби отказ во турски Денизлиспор по серија лоши резултати, а сето тоа кулминираше со поразот во Купот на Турција од третолигашот Тургутлуспор.

По натписите во јавноста за ова, се огласи и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, кој ги отфрли овие натписи.

Во изјава за порталот „Порта“, Сејдини вели:

– ФФМ досега нема преговарано апсолутно со никого и нема да преговара се додека не оствари средба со актуелниот селектор Игор Ангеловски, неговиот договор истекува на 31.12. 2020 година и секако дека прв со кој ќе оствариме разговор е токму Игор.

– „Тоа се шпекулации. Не знам искрено и кој ги пласира, но можам категорично да потврдам дека Фудбалската федерација на Македонија нема преговарано со никого за селекторската позиција. Се уште имаме актуелен селектор и првата средба ќе биде со него. Апелираме до љубителите на фудбалот да не подпаѓаат на спинови пласирани се додека не се донесе конечна и официјална одлука, до тогаш имајте пријатни новогодишни и божиќни празници – вели претседателот.

Коментари

Популарно