Се огласи и претседателот на ФФМ во врска со Ангеловски и Просинечки

Српските медиуми го најавуваат хрватот Роберт Просинечки како нов селектор на Македонија, и може да се каже дека е топ тема денеска.

Просинечки е без работа откако на крајот на ноември доби отказ во турски Денизлиспор по серија лоши резултати, а сето тоа кулминираше со поразот во Купот на Турција од третолигашот Тургутлуспор.

По натписите во јавноста за ова, се огласи и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, кој ги отфрли овие натписи.

Во изјава за порталот „Порта“, Сејдини вели:

– ФФМ досега нема преговарано апсолутно со никого и нема да преговара се додека не оствари средба со актуелниот селектор Игор Ангеловски, неговиот договор истекува на 31.12. 2020 година и секако дека прв со кој ќе оствариме разговор е токму Игор.

– „Тоа се шпекулации. Не знам искрено и кој ги пласира, но можам категорично да потврдам дека Фудбалската федерација на Македонија нема преговарано со никого за селекторската позиција. Се уште имаме актуелен селектор и првата средба ќе биде со него. Апелираме до љубителите на фудбалот да не подпаѓаат на спинови пласирани се додека не се донесе конечна и официјална одлука, до тогаш имајте пријатни новогодишни и божиќни празници – вели претседателот.

Една година од смртта на Коби Брајант

На денешен ден се случи една од најголемите трагедии во светот. Загина еден од најголемите кошаркари на сите времиња Коби Брајант. Играчот кој е можеби втор на вечната листа на најдобри играчи.

Легендарниот кошаркар Коби Брајант го загуби својот живот во несреќа со неговиот приватен хеликоптер. Тој патувал заедно со неговата ќерка Џиџи и уште 4-ца патници. Сите ги загубија животите.

Брајант бил во приватниот хеликоптер кој се срушил во Калабасас, предградие на Лос Анџелес, сместено во ридовите западно од долината Сан Фернандо. Брајант, наводно, одамна е познат по тоа што често патувал со хеликоптер.

Коби Брајант важи за еден од најдобрите кошаркари во историјата кој својата 20 годишна кариера ја поминал во Лос Анџелес Лејкерс. Тој беше петкратен шампион во НБА, поранешен НБА МВП.

Почивај во мир легендо!

Данило Брестовац повеќе не е селектор на Македонија

Данило Брестовац повеќе не е селектор на македонската машка ракометна репрезентација.

-Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори, стои во објавата на РФМ.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.

Бобан Николов претставен во Лече

Репрезентативецот на Македонија, Бобан Николов од пред неколку дена официјално стана нов играч на Лече.

Денес Николов беше претставен во италијанскио клуб кој се бори за место во Серија А. Лече во овој момент се наоѓа на шестата позиција во Серија Б со 29 освоени бодови, осум помалку од првопласираниот Емполи.

Николов би можел да дебитира токму против Емполи во недела.

Денес Николов беше претставен во италијанскио клуб кој се бори за место во Серија А. Лече во овој момент се наоѓа на шестата позиција во Серија Б со 29 освоени бодови, осум помалку од првопласираниот Емполи.

Николов би можел да дебитира токму против Емполи во недела.

извор: sportski.mk

Популарно