Д-р Беќаровски за причестот со иста лажица: Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин

„Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте.

Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се "бањаме" за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите.

П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин.“ напиша д-р Нико Беќаровски на фејсбук.

Коментари

Популарно