Канје Вест снима албум за разводот

Раперот Канје Вест и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан го шокираа светот пред неколку месеци кога почнаа да се шират гласини дека се разведуваат. Сега, конечната одлука е донесена – нивниот брак заврши. 

Според „Mirror“, Канје сега на музиката и го завршува својот долго најавуван десетти студиски албум. Фановите со нетрпение го чекаат, а тој ги преработува стиховите „инспириран“ од разводот.

„Новиот албум на Канје ќе биде за разделбата и разводот со Ким. Тоа го пишуваше со месеци“, изјави извор близок на раперот за странски медиуми и додаде дека Кардашијан го замолила да ја почитува приватноста на нивното семејство во неговите песни.

Откако минатата недела се рашири веста за нивниот развод, извори блиски до парот за „Page Six“ изјавија дека нивниот развод е неизбежен.

Коментари

Популарно