(Фото) Погледнете ја сопругата на емирот од Катар - таа е вистинска убавица

Шејха Моза бинт Насер или сопругата на емирот од Катар е жена позната по стилот, убавината и образованието.

Таа е една од трите сопруги на катарскиот емир и ја заслужува секоја минута внимание на светските медиуми. Има пет синови и две ќерки, а се омажила на 18. години во 1977. 

Светската јавност ја привлече со беспрекорниот стил, но и со ставот, кој секогаш јасно го изразува држајќи говори во водечките политички и општествени институции.

За неа велат дека е најголема љубов на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани.

Моза е една од ретките дами, кои 365 дена во годината облекуваат парчиња од високата мода. „Шанел“, „Живанши“ и „Диор“ се нејзините омилени модни куќи, а дел од парчињата чинат и по 30.000 долари, а некои дури и 100.000.

Таа има седум докторати и е вистинска убавица.

Коментари

Популарно