(Фото) Познато кој ќе ја претставува Македонија на Евровизија оваа година

Македонската радио телевизија официјално објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија.

Тој минатата година беше избран за да ја претставува нашата држава на Евровизија, но поради пандемијата со коронавирусот настанот се откажа.

– Според јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев, се вели во соопштението од МРТ.

„Ретко кога во животот добиваме не само една, туку ТРИ шанси да го оствариме нашиот сон. Во 2019 година гордо стоев зад Тамара; во 2020-тата година ти посветив сè – но Ковид рече не! Во 2021 го користам моето лично патување и приказна за да го ставам срцето во ваши раце преку мојот глас.

Никогаш не престанувајте да верувате, да сонувате и да се борите за она за што се залагате во животот. Соништата навистина се остваруваат!

Благодарен сум за вашата постојана поддршка и едвај чекам да го споделам она што го планираме како македонски тим. Подобро е да бидете подготвени за ова“ , напиша Васил Гарванлиев под објавата на неговиот официјален Инстаграм профил.

Оваа година Евровизија ќе се одржи традиционално, со две полуфинални и едно финале 18, 20 и 22 мај повторно во Ротердам, Холандија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Коментари

Популарно