(Фото) Беспрекорен стајлинг на Мишел Обама на инугурацијата на Бајден

Со полагањето на заклетвата на Џо Бајден на инаугурацијата, Америка вчера официјално доби нов претседател, а на церемонијата која беше одржана во Вашингтон пред зградата Капитол продефилира и поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.

Сопругата на американскиот претседател Барак Обама привлече внимание од јавноста со својот изглед.

Како вистинска модна икона Мишел заблеска во панталони со висок струк и широки ногавици во боја на вино во комбинација со иста таква боја на капут.

Стајлингот го заокружила со црни чевли и кожени ракавици, како и неизоставениот дел, маската за лице.

Коментари

Популарно