Сара Мејс: „Бракот ми беше во криза“

Пејачката Сара Мејс ужива во семејната идила со сопругот, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќеркичка Илина, а на социјалните мрежи често знаат да откријат некој приватен момент и како им поминува времето заедно, но сега пејачката проговоре за себеси и откри дека еден период нејзиниот брак бил во криза, односно тоа се случило по раѓањето на нивната ќерка Илина.

„Не ни одеше. Првпат јавно кажувам. Имавме една брачна криза, тоа беше лани до ова време. Неколку месеци беше тешко, беше да се биде или не. После една година не можам точно да се сетам да го детектирам проблемот, но ни беше голема промена моментот кога станавме родители. Ние бевме научени да бидеме 24/7 на работа и со пријатели. И двајцата работиме повеќе работи, улогата да бидеме родители плус ни дојде повеќе, не ни беше јасно, бевме збунети. Кога си во длабока љубов и сакаш да имаш дете, се тоа е прекрасно, но не знаеш што те чека кога ќе дојде тоа дете на ред. Детето станува преоритет“, вели Сара и додава:

„Многу сум благодарна за се’ што ми се случи затоа што многу научив. Научив како да ми е поубаво на самата себе, како да е поубаво на моето семејство. Како да ги разбирам другите“, вели пејачката.

Коментари

Популарно