Убавата водителка од кулинарското шоу „Брза кујна“ која замина на породилно отсуство денеска соопшти дека на свет донесе ќеркичка а кажа и како ќе се вика.

Убавата вест на Инстаграм ја соопшти Александра која сподели соба полна со балони, подароци, цвеќиња и торта.
„Соништата се исполнуваат! Официјално Сара ни пристигна на 23.01.2021“ напиша во објавата Александра и се заблагодари на сите подароци.
Нека е жива и здрава Сара!