(Фото) Кристина Агилера повеќе не наликува на онаа витка дама од сцената

Очигледно дека пејачката не се грижи толку многу за својот изглед, но веќе подготвува нови песни кои се во фаза на снимање.

Пејачката Кристина Агилера моментално со семејството времето го поминува во Мајами, поради снимање на новите песни, а паузата од студиската работа ја користи за уживање на базен за да се релаксира.

Сето тоа не би било чудно, доколку пејачката на прв поглед не била непрепознатлива, а кога папарацо фотографите ја „уловиле“ во бикини, публиката била изненадена како таа денес изгледа.

Кристина повеќе не е налик на витката дама на која што навикнавме, особено кога ќе излезе на сцена. Како што тврди таа, не ѝ пречат вишокот килограми, ниту пак незатегнатата кожа затоа што е задоволна од својот живот и брак.

Публиката сепак не можела да ја сокрие изненаденоста од нејзиниот изглед, затоа што по мислењето на многумина една таква ѕвезда како Агилера, не смее да си го дозволи тоа.

Останува да видиме дали Агилера ќе ги смени своите навики, по новите песни кои што ги снима.

Коментари

Популарно