Напишал стих за Олја додека тајно се гледале, а никој не го знаел

Петар Алвировиќ од групата „Апсолутно романтично“ проговорил за смртта на пејачот Ѓорѓе Балашевиќ. Имено, пејачот за Курир.рс раскажал се за дружењето со покојниот кантавтор.

„Додека свирев во „Гарави сокак“ Ѓоле бепе во управата на тениски клуб, ние свиревме. После го основавме бендот и го земавме Ѓоле на слушање на албумот, тогаш ни започна дружбата. Направивме цел албум. Ѓоле беше прекрасен, многу едноставен човек, не се мешаше многу, знаепе дека и ние сме професионалци. Едвај чекавме да бидеме во негово друштвои. Мене образите ме болеа после дружењето со него од смеење, имаше добра меморија, паметеше се околу себе, знаеше и како се вика мојата девојка“, рекол Петар.

Богомир Мијатовиќ, рок критичар, имал прилика да биде во друштво со Ѓорѓе Балашевиќ.

„Ѓоле имаше најбрз хард диск, неговите досетки беа генијални, тој можеше на секоја тема да направи штос. Колку беше духовит, секоја чест. Имаше безброј песни со скриени, тајни пораки, кои ги знаеме само ние кои го познававме. Го сакам стихот „Секој е на некој сличен, а ти си уникат“, кој го напиша за Олја додека тајно се забавуваа“, изјавби критичарот.

Коментари

Популарно