(Фото) Го напуштила факултетот поради Инстаграм, а сега живее во луксуз

Алекса Колинс е популарна на Инстаграм и во моментов ја следат 1,2 милиони луѓе на оваа мрежа, а наскоро ќе се пресели во својата вила со базен со своето момче!Нејзиното момче е во недвижен имот, а таа првиот милион го заработи пред да наполни 25 години.

"Во јули 2020 година, достигнав милион следбеници и тоа беше одлично, но сакам уште повеќе. Сега сум милионер, ги заработив своите први милиони долари непосредно пред да достигнам милион следбеници", изјави атрактивната русокоса за „Сан".

Поради нејзината посветеност на Инстаграм, таа дури и се откажала од факултетот, а нејзините родители не ја поддржувале во оваа одлука.

"Отпрвин не гледав на тоа како работа со полно работно време, секогаш мислев дека ќе биде нешто дополнително, но знаев дека Инстаграм е вистинскиот начин. Почнав да работам како модел на 18 години и користев слики од модните снимања за да добијам повеќе следбеници. Со текот на времето, станав нешто како инфлуенсер. Студирав комуникации три години, но направив пауза и никогаш не се вратив на колеџ. Ми требаа три години да видам како се развива овој бизнис и тогаш сфатив што сакам да правам, па го напуштив училиштето “, објасни Алекса во едно интервју.

Таа исто така изјавила дека се буди околу 7:30 часот наутро, а потоа целиот ден го поминува на социјалните мрежи, бидејќи секогаш „има што да прави“. Патувањето е нејзин омилен дел од работата и патувала низ цела Европа и вели дека Хрватска и е омилено место.

Коментари

Популарно