Оваа куќа важи за најснимана во Македонија, а се наоѓа во Скопје

Дали куќата на оваа фотографија ви изгледа познато? А што ако ви кажеме дека веројатно често сте поминувале покрај неа, а можеби и не сте го знаеле тоа?

Во фејсбук-групата „Патувања низ Македонија мк“ беше објавена интересна приказна за куќата која речиси сите сме ја виделе барем еднаш и сме се прашувале каде се наоѓа? Иако на телевизија ни личи дека се наоѓа во некое македонско село, кое ја задржало автентичната архитектура, реалноста е сосема поинаква. Се работи за токму онаа куќа од Македонските народни приказни, каде се снимени најмалку 150 епизоди, во кои главната улога речиси секогаш се појавуваше легендарниот Ѓорѓи Колозов. 

Но, дали знаете дека всушност, оваа куќа е конак во црквата Св. Пантелејмон во Горно Нерези, на планината Водно? 

„Оваа куќа сѐ уште го носи епитетот ‘најсниманата куќа во Македонија‘, бидејќи не постои друг објект во кој толку долго и непрекинато се снимало. Во оваа куќа продолжуваат да се снимаат и приказните од новиот серијал“, се вели во објавата во групата. 

Коментари

Популарно