(Фото) Актерката беше голема ѕвезда, а сега седи сама на улица и пие кафе

Актерката Аманда Бајнс беше детска ѕвезда која на 13 години имаше своја серија, но сепак не знаела да се носи со славата, па посегнала по пороците кои ѝ го уништиле животот.

Аманда Бајнс на светската сцена е од мали нозе, а во последните години воглавно изненадува со своите „настапи“. Со години таа се мачела поради користењето на разни опијати, а неколку пати била во клиника за одвикнување.

На едно од последните лечења го запознала својот поранешен вереник Пол Мајклс кој што ѝ помогнал да остане на вистинскиот пат, но парот се разделил.

На Аманда проблемите ѝ започнале во 2012 година кога била фатена како вози во состојба под наркотични средства, а една година подоцна како консумира марихуана во лоби од зграда во Њујорк во која што живеела, а стаклениот бонг им го фрлила на полицајците од 36-ти спрат.

Истата година таа предизвикала пожар на праг од куќа кај луѓе кои што не ги познавала и тогаш ѝ бил одреден психијатриски надзор од 72 часа.

Пред неколку години својот татко го обвинила за сексуално злоставување, но тужбата набрзо ја повлекла. Како што рекла „микрочипот кој што ѝ е вграден во главата ја натерал да го каже сето тоа, но и дека татко ѝ е тој кој што ѝ го вградил чипот“.

Таа планирала големо враќање во Холивуд, но сфатила дека најдобро е да се врати на лечење. Токму враќањето пред камерите претставувало голема опасност за нејзиното ментално здравје затоа што била под голем стрес додека одела на аудициите.

Папарацо фотографите многупати ја фотографирале како седи сама, неретко на улица и пие кафе. Актерката признала дека медиумското внимание ѝ предизвикува стрес и дека повеќе не сака да се најде во такви ситуации, па посегнала по наркотици и алкохол.

Со години се обидувала да се излечи од зависноста, а тоа секако дека ѝ успеало на почетокот на минатата година. Нејзе отсекогаш ја интересирала модата, а секако дека добила и диплома за моден дизајнер.

Како што вели таа, самата го уништила тоа што го градела, па сега ѝ треба време да се смири со светот и со самата себе.

Таа не ја исклучила можноста дека би се вратила во светот на актерството, но моментално сè уште е посветена на своето здравје и не сака да брза со одлуката за повторно да не тргне по погрешниот пат.

Коментари

Популарно