Прекинете ја караницата на наједноставен начин

Наше мислење е дека не постои ниту еден пар на светот кој не се кара, макар и за ситници. За да ја прекинете или ублажите караницата потребни ви се само добри реченици и сè ќе биде во ред.

Наместо да си галамите еден на друг сè додека прозорите не се скршат, обидете се да го прашате партнерот што можете да направите за да го решите проблемот којшто настанал. На тој начин ќе почнете нормален разговор со нормален тон.

Ако се карате веќе подолго време, најдобро решение е да му понудите на партнерот заедно да ја гледате омилената серија. На тој начин ќе знаете дека и по караницата нормално ќе функционирате.

Додека се карате со партнерот кажете му дека е згоден кога е лут. Каков и да е, сигурно ќе му изнудите насмевка на лицето.

Прашајте го партнерот што тој чувствува додека се расправате. На тој начин подобро ќе ги увидите потребите на другиот и можеби ќе престанете да се карате.

Доколку караницата започнала поради некоја ситница, најдобро е да се запрашате дали е тоа поважно од вас двајца. Ако сфатите дека не е, ќе ви биде лесно да го решите проблемот кој го имате.

Коментари

Популарно