Кому му е до cekc по напорниот работен ден?

По напорниот работен ден, единственото нешто за што Британците размислуваат е како да се „фрлат“ во кревет, но само за да спијат – открива истражувањето на меѓународната компанија Weight Watchers спроведено врз 2700 луѓе.

Речиси половината од нив немаат енергија за жешки игри под чаршафите, но ниту за кој било облик на вежби. По работа најмногу му се радуваат ма спиењето – пишува The Huffington Post. Освен тоа, толку се уморни што немаат сила да се дружат и разговараат со пријателите, а наместо зборување на мобилен решаваат да испратат СМС.

Една третина од Британците признаваат дека го одложуваат излегувањето со пријателите, бидејќи им е тешко да се подготват и да се дотераат за излегување. Речиси половина од нив за тој седечки начин на живот го обвинуваат уморот – потврдило истражувањето.

„Повеќе од 14 милиони возрасни толку се неактивни што го загрозуваат своето здравје. Недостатокот од движење го зголемува ризикот од дијабетес тип 2“ – вели Зое Хелман од Weight Watchers.

Коментари

Популарно