(Видео) Деми Ловато во новиот спот се навраќа на морничавиот период од животот

Пејачката Деми Ловато го објави спотот за песната „Dancing with the Devil“, во кој се осврнува на мрачниот период од својот живот.

Ловато одлучила во овој спот да го прикаже своето сеќавање на моментите кога во 2018-та година се предозирала - а истото можело да има фатални последици.

На видеото се гледа како се забавува во еден бар, а потоа во несвесна состојба лежи во болнички кревет опкружена со три жени, кои всушност се нејзиното семејство - мајката и двете сестри.

Како што објаснила Деми, сцените се направени по вистински случки од нејзинот живот, а дури и носи зелена јакна, слична на онаа која ја носела кога се предозирала.

Коментари

Популарно