Од утре полициски час од 20:00, кафеаните под клуч? – Се очекува нов пакет рестриктивни мерки

Неофицијално, од утре па во наредните 14 дена полицискиот час ќе биде продолжен, односно ќе почнува од 20, наместо од 22 часот и ќе трае до 05:00 часот следниот ден. Дополнително, како дел од новиот пакет рестрикции се очекува угостителските објекти да бидат затворени.

Владината седница за официјализирање на препораките од Главниот координативен штаб е закажана за денеска во 13:00 часот, а прес конференцијата се предвидува еден час подоцна, односно во 14:00 часот.

Извор: alsat.mk

Коментари

Популарно