(Фото) Златан Ибрахимовиќ ќе заплива во актерските води

Златан Ибрахимовиќ неодамна учествуваше во шоу програмата на легендарниот музички фестивал „Санремо“, а веќе ја договорил и својата прва филмска улога.

Напаѓачот на Милан ставил потпис на договорот според кој ќе добие споредна улога во новиот филм за легендарните Гали, Астерикс и Обеликс.

Ликот кој ќе го игра Ибра се вика Антивирус и тоа го потврди Швеѓанецот со својата објава на Инстаграм, а името на филмот ќе биде Астерикс и Обеликс: Патот на свилата.

Премиерата на филмот е закажана за следната година.

Коментари

Популарно