Комити со реакција: Ни ја погазивте честа

Вардар денес доживеа срамен пораз на гостувањето кај Силекс со 6:0, па „Комити“ веднаш излегоа со реакција.

На седум кола до крајот на сезоната Вардар се наоѓа на претпоследното место, а најверните навивачи на тимот, Комити велат дека е прегазена честа и испратија прашања до Самсоненко и Шилегов.

„Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја.

За да се долови Мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6:0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар.

Одбрана швајцарско сирење !

Средина непостоечка !

Напад јалов !

Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците.

Нема повеќе никакво алиби !

Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот.

Време е за одговорност !

Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?“, напишаа Комити.

извор: sportski.mk

Коментари

Популарно