Комити со реакција: Ни ја погазивте честа

Вардар денес доживеа срамен пораз на гостувањето кај Силекс со 6:0, па „Комити“ веднаш излегоа со реакција.

На седум кола до крајот на сезоната Вардар се наоѓа на претпоследното место, а најверните навивачи на тимот, Комити велат дека е прегазена честа и испратија прашања до Самсоненко и Шилегов.

„Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја.

За да се долови Мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6:0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар.

Одбрана швајцарско сирење !

Средина непостоечка !

Напад јалов !

Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците.

Нема повеќе никакво алиби !

Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот.

Време е за одговорност !

Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?“, напишаа Комити.

извор: sportski.mk

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Таеквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако денеска триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија.

Георгиевски ја обезбеди олимписката норма, прва во историјата за македонското таекводно, на денот кога го прославува својот 22. роденден со максимален ефект, совладувајќи го, притоа, во финалето со 13:6 актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.

На олимписките квалификации во Софија вчера настапија и Филип Додевски во категоријата под 80 килограми и Анамарија Георгиевски во категоријата под 67 килограми.

Настапот на македонските таеквондисти на квалификациите во бугарската престолнина го следеа претседателот на Македонскиот олимписки комитет Дејан Димевски и спортскиот директор Владимир Богоевски.

(Фото) Горан Пандев: „Ти си најголемата среќа во мојот живот“

Горан Пандев имаше убав повод за славење.инот на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев славеше роденден.

Имено Филипо наполни 11 години, а гордиот татко на Инстаграм му го честиташе роденденот и сподели неколку фотографии.

„Ти си најголемата среќа во мојот живот. Времето брзо лета. Единаесет убави години, со срце исполнето. Колку само емоции ми даваш. Се надевам дека секогаш ќе ти бидам добар татко, но и пријател. Среќен роденден љубов моја, со сета љубов на светот“, напиша Пандев, а доби честитки за роденденот на синот од повеќето фудбалери од репрезентацијата.

Пандев е татко на татко на три деца, а освен синот Филипо, тој и сопругата Надица ги имаат ќерките Ана и Софија.

(Видео) Горан Пандев постигна 100 гола во Италијанската Серија А

Горан Пандев испиша историја и за Македонија и за Серија А. Вечерва на дуелот со Беневенто во новото коло од италијанското калчо, нашиот најдобар фудбалер за само 21. минута успеа двапати да ја затресе мрежата на гостите, а со тоа да стигне и до неверојатната бројка од 100 гола во своите настапи во италијанската Серија А.

Секоја чест, ГРАНДЕ ПАНДЕВ…

Голот можете да го погледнете ТУКА

Популарно