(Фото) Под необичната блуза со големо деколте не носи ништо

Пријанка Чопра и Ник Џонас блескале на доделувањето на британските награди „BAFTA“. Една од најубавите жени на светот, актерката Пријанка Чопра била главната ѕвезда на овогодишното доделување на „BAFTA“ наградите во Лондон каде што имала улога на презентер, а и филмот „White Tiger“ во кој што глуми бил дел од конкуренцијата за победа.

Но, Пријанка се нашла во центар на внимание и била на мета на сите фотографи и сниматели во текот на вечерта поради својот стајлинг на црвениот тепих.

Имено, 38-годишната актерка избрала црвена блуза со голем прорез од предната страна, под која што не носела ништо и морала многу да внимава како се движи случајно да не покаже премногу.

Покрај неа бил и 28-годишниот сопруг Ник Џонас, кој што бил облечен во елегантен црн смокинг, а исто така тој не се одвојувал од неговата убавица. Тие делувале многу расположено додека тој ја бакнувал пред камерите.

Инаку, Пријанка светската слава ја стекна во 2000-та година кога победила на избор за Мис на светот, по што ја започнала својата актерска кариера.

Со Ник е во врска од 2018 година, а тој ја запросил својата драга пред две години и тоа по нејзиниот 36-ти роденден додека биле на романтично патување. 

Коментари

Популарно