Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност со услови за краткотраен дожд на северозападот. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен од западен до северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 24 степени.

Коментари

Популарно