Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од пет до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Коментари

Популарно