(Видео) Ешли Греам разголена „тверкаше“ во бањата

Светската плус сајз манекенка објави нови фотографии под туш и ги сруши сите табуа. Имено таа во костим за капење и брич во раката зними видео додека ги бричи нозете, а во еден момент почна и да тверка.

"Се сеќавате кога не ги избричив пазувите за време на карантинот и луѓето ме напаѓаа за тоа? Па погодете што - направив свој брич", се пофали Ешли.

Во ноември минатата година таа објави фотографија на која се гледаат влакна под пазувите и луѓето ја критикуваа поради тоа. Сега луѓето и напишаа под најновото видео дека влакнестите пазуви не треба да бидат тема на дискусија.

"Сè уште не ги бричам пазувите и ми се допаѓа тоа", "Чекај, луѓето те нападнаа за небричените пазуви? Сериозно?", "Влакната се нормални. Не е толку голема работа", напишале нејзините придружници.

Коментари

Популарно