(Фото) Убавата актерка Марија живее на село и чува стадо овци

Актерката Марија Петронијевиќ својот живот го продолжила далеку од очите на јавноста, а мирот го пронашла во родното село.

Најголемо изненадување за неа било кога непознат човек ѝ подарил овца со која актерката се фотографирала и на убав начин му се заблагодарила на подарокот. Марија денес има стадо овци, а сега на својот Инстаграм профил ја покажала и нивната на која нејзините овци пасат.

-Се уште сами бираат каде ќе пасат...и со секој нов ден ги има се повеќе - напишала српската актерка.

Познато е дека Марија, која многумина ја нарекуваат српската Моника Белучу, своевремено била во љубов со ракометарот Владо Мандиуќ, кој важи за еден од најголемите заводници на српската сцена.

Таа љубов не опстојала, а после раскинувањето актерката почнала да живее на релација Белград-село Васибаба.

Коментари

Популарно