(Фото) Убавата актерка Марија живее на село и чува стадо овци

Актерката Марија Петронијевиќ својот живот го продолжила далеку од очите на јавноста, а мирот го пронашла во родното село.

Најголемо изненадување за неа било кога непознат човек ѝ подарил овца со која актерката се фотографирала и на убав начин му се заблагодарила на подарокот. Марија денес има стадо овци, а сега на својот Инстаграм профил ја покажала и нивната на која нејзините овци пасат.

-Се уште сами бираат каде ќе пасат...и со секој нов ден ги има се повеќе - напишала српската актерка.

Познато е дека Марија, која многумина ја нарекуваат српската Моника Белучу, своевремено била во љубов со ракометарот Владо Мандиуќ, кој важи за еден од најголемите заводници на српската сцена.

Таа љубов не опстојала, а после раскинувањето актерката почнала да живее на релација Белград-село Васибаба.

Џенифер Анистон се расплака пред камерите: „Не требаше да биде вака"

Холивудската глумица Џенифер Анистон не можела да ги задрже солзите за време на гостувањето во емисијата на нејзината долгогодишна пријателка, Елен Деџенерис.

Станува збор за последната сезона на ТВ шоуто на познатата водителка Елен Деџенерис, кое се емитува веќе 18 години, а 52 годишната глумица гостувала 19 пати.

Интересно е дека Џенифер била првата гостинка кај Елен. Сега се појави како посебна гостинка, а ѕвездата на серијата "Пријатели" со солзи во очите ѝ се заблагодари на водителката што ѝ овозможила да биде дел од нејзината емисија буквално од првиот ден.

"Што е ова? Ова не требаше да биде емотивно. По ѓаволите, не требаше да биде вака", се пошегувала Џен со солзи во очите.

"Уште не е ни почнато", рекла водителката, а Џенифер истакнала дека две години не гостувала во живо. "Не се шегувам, последниот пат кога бев на ваква сцена беше во твоето ток-шоу кога гостував кај тебе", рекла глумицата на што Елен ѝ возврати: "Знам".

Елен Деџенерис најави дека ова ќе биде последната сезона на шоуто после цели 18 години. Оваа вест осамна откако беше обвинувана поради "токсичното работно опкружување" во шоуто и токму поради тоа "Ворнер Брос" одлучи да го прекине шоуто на познатата водителка.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Овој викенд ќе бидете доста емотивни и чувствителни, но не во негативна смисла. Обрнете посебно внимание на луѓето што ги сакате, фокусирајте се на заедничките проблеми, но и на оние што ги мачат да ги подобрат односите и да ги доведат на подобро ниво. Вечерта очекувајте романса, обидете се да останете фокусирани за да можете во мир да разберете што сака другата страна.

БИК

Размислете повторно за парите што планирате да ги инвестирате или обидете се да отворите преговори поврзани со имотот што го купувате или евентуално го продавате. Викендот е идеален за наоѓање решенија кои ќе ги задоволат сите страни и кои ќе ви помогнат да постигнете поголеми придобивки. На работа, ако очекувате проблем, работете во тајност.

БЛИЗНАЦИ

Ќе бидете многу мотивирани и одлучни и нема да ви недостасува ниту енергија. Искористете ги предностите овие дена за да стекнете предност во се што ви е важно. Фокусирајте се на работи што не се вообичаени и што отсекогаш сте сакале да ги правите бидејќи ќе се поврзете со интересни луѓе кои ќе ги споделат вашите ставови, соништа и мисли.

РАК

Може да постигнете многу, но само ако не дозволите малите нешта да ви пречат. Ако еден од вашите колеги не е компетентен и се меша во вашата работа, најдобро би било да го игнорирате и да го правите своето, инаку ќе предизвикате конфликт, а другата страна и онака ќе мисли дека е во право. Не се потпирајте премногу на другите, верувајте и на својата интуиција.

ЛАВ

Викендот ќе добиете нешто интересно. Тоа може да биде изненадувачка услуга, подарок или пари на кои не сметавте. Овие дена се идеални за пробување нови работи, но само ако не можете да им наштетите на другите или да преземете туѓи заслуги. Ќе запознаете неколку квалитетни луѓе. Бидете подготвени во љубовта за да бидете првите што ќе предложат мали промени.

ДЕВИЦА

Бидете многу внимателни при изборот на зборови, но и со реакции. Ќе имате тенденција да претерате, да трошите премногу пари или ресурси и да правите работи што не се бараат од вас додека занемарувате дел од она за што сте одговорни. Ако не сте алчни, периодов лесно ќе постигнете договор поврзан со парите, но верувајте си.

ВАГА

Не дозволувајте другите да ви поставуваат цели или да ви пренесуваат проблематични работи со кои никој не сака да се занимава. Објаснете се и покажете дека не сте личност која ќе молчи кога ќе се соочи со неправда. Ако некој отвори тема за која не сакате да зборувате, најдобро би било да си заминете инаку ќе ја покажете својата ранливост.

ШКОРПИЈА

Очекувајте потешкотии во справувањето со сите луѓе со кои треба да работите во деловна смисла. Бидете особено внимателни ако треба да решите жалба од некој од вашите клиенти или партнери. За да ги надминете сите тешкотии и да избегнете проблеми, искористете го својот шарм и испратете комплименти, бидејќи тоа е единствениот начин да избегнете компромис.

СТРЕЛЕЦ

Не потценувај се. Барајте го најдоброто можно решение или можност бидејќи само така ќе го најдете. Промените поврзани со деловното поле секако ќе ви бидат од корист, иако на почетокот нема да ви се допадне. Подгответе се прво да реагирате бидејќи тоа е единствениот начин да стекнете предност и да се ослободите од конкуренцијата или старите противници.

ЈАРЕЦ

Нема ништо лошо да се борите за она што го сакате, но не бидете толку тврдоглави и истрајни во исто време што на крајот никој нема да сака да се занимава со вас. Најдете мерка во се, слушајте го соговорникот и научете барем делумно да се прилагодите. Најверојатно има промени во вашиот приватен живот што тешко ќе ги избегнете, прифатете ги во движење.

ВОДОЛИЈА

Се ќе биде точно како што сте планирале, но под услов да не дозволите да преовладува лутината или љубомората. Бидете подготвени за коментари од љубоморни луѓе, но дистанцирајте се и не вклучувајте непотребни дискусии. Во љубовта ветуваат пари и подароци, како и нов интерес од личност што ја познавате долго време.

РИБИ

Не преземајте премногу ризици и не фалете се за работи што не сте ги направиле сами или биле направени целосно од некој друг. Опкружете се со позитивни луѓе кои имаат слични интереси како вас. Има нова можност поврзана со деловниот живот, но ќе треба сами да истражите што се очекува од вас и како да го реализирате.

(Фото) Деми Роуз позираше во необично бикини

Британската манекенка Деми Роуз се фотографираше во црвен костим за капење, кој ги истакна нејзините раскошни облини.

Таа важи за една од најбараните модели, а на нејзиниот Инстаграм профилја следат 17 милиони луѓе. Деми Роуз ужива да биде гола, па честосвоите фанови ги чести со разголени фотографии.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Rose (@demirose)

Популарно