(Видео) Земјоделец му одржа лекција на несовесен возач

Земјоделец во Јоркшир, бесен што на влезот на неговиот имотот бил паркиран автомобил, решил да му одржи лекција на несовесниот возач и со булдожер го превртел автомобилот на покривот.

Видеото објавено на Фејсбук покажува булдожер какого „собира“автомобилот со сребрена боја и го превртува. Човекот без кошула - најверојатно сопственик на автомобилот - едвај успеа да побегне од багер.

Земјоделецот потоа проверил дека нема никој на патот, а потоа го истоварил автомобилот на улиоца.

Патот остана полн со стакло после необичната „паркинг служба“ додека пак видеото е прегледано повеќе од милион пати, а има и многу коментари.

Погледнете за што се работи:

Коментари

Популарно