20 годишна девојќа загина во сообраќајна несреќа

Околу 07:15 часот, вчера на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“, С.М.(20) од село Кадрифаково, управувајќи патничко возило „Фолксваген поло“ со светиниколски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. и била пренесена во Клиничката болница Штип каде починала.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.

Коментари

Популарно