(Видео) Италијанска новинарка известуваше во живо па ги покажа гаќичките

Атмосферата на Еуро 2020 се загрева, има сè повеќе теми за разговор за настаните на теренот, но сега има и надвор од теренот.

Една од нив е италијанската новинарка Паола Ферари, која доживеа незгоден момент кога нејзините гаќички „ѕирнаа“ за време на пренос во живо.

Таа известуваше за Европското првенство, кога ги прекрсти нозете, камерата ја сними инејзината долна облека, што многумина веднаш го споредија со познатиот потег на Шерон Стоун.

Паола Ферари има 60 години и очигледно е дека овој момент во директен пренос не ја потресе многу.

"Видеото стана вирално. Се чини дека VAR се користи повеќе отколку на терените на Европското првенство. Се случи, ништо сериозно", беше духовита Паола, коментирајќи го тој момент.

Паола Ферари работи за италијанската РАИ, но не сакаше да ја споредуваат со Шерон Стоун и нејзиниот потег во филмот „Ниски страсти“.

"Таа е една од најсексапилните жени на светот. Во секој случај, виралното видео се чини малку претерано, бидејќи Шероун Стоун не носеше долна облека во таа сцена. Претпочитам да го штитам своето здравје и хигиенска чистота", изјави Паола Ферари.

Еве како изгледаше тој момент:

Коментари

Популарно