Зошто нозете ни отекуваат кога е топло?

Постојаните промени на времето ова лето и високиот воздушен притисок, многумина ги поврзуваат со отекување на нозете и стапалата, модринки, виолетови дамки и вените што се појавија. Ги откриваме најчестите причини за овие проблеми, но коишто не се поврзани со сериозни здравствени состојби. Додека за здравствените проблеми треба секако да го посетите вашиот лекар, можете да спречите некои од причините – пренесува net.hr.

Отекувањето на нозете, рацете и лицето може да укаже на состојба во која телото задржува премногу вода. Најчеста причина за ова е продолжено седење или стоење. Треба да престанете со секоја таква долготрајна активност, со малку шетање и истегнување на нозете ако седите подолго време или со седење со нозете поткренати на високо, ако стоите долго време.

ВИШОК КИЛОГРАМИ

Оптеретување на нозете, недостиг на рекреација и несоодветен внес на вода – може да биде причина за отекување на стапалата кај луѓе со прекумерна тежина. Несоодветната нега на тело доведува до затворен круг на симптоми, а единственото решение е лицето да поработи на својата телесна тежина преку соодветна исхрана, да го поттикне метаболизмот и да започне со рекреација.

РАБОТА НА СРЦЕТО

Кај постарите лица, работата на срцето слабее со годините, а самата гравитација предизвикува водата  да се акумулира во долните делови на телото. Оток во стапалата и нозете најчесто се јавува кај постари луѓе кои се движат релативно малку.

ДЕХИДРАЦИЈА

Во почетната фаза на дехидрација, телото почнува да собира вода за подоцна. Овие резервоари на вода најчесто се глуждовите, зглобовите, па дури и долниот дел на стомакот. Пијте најмалку 1 до 2 литри вода на ден, а кога е многу топло уште повеќе.

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ

Откриваме мали трикови што можете веднаш да ги примените :

  • · Подигнете ги нозете на ниво над срцето (или барем во иста рамнина),
  • · Јадете повеќе протеини (го поттикнуваат  отстранувањето вишокот вода),
  • · Избегнувајте стоење, седење или шетање подолго време,
  • – Пијте диуретици (во консултација со вашиот лекар),
  • · Вежбајте 30 минути на ден (аеробното вежбање ја стимулира циркулацијата),
  • · Конзумирајте повеќе витамини и минерали од храната,
  • · Намалете го внесот на солта во исхраната,
  • · Намалете ја телесната тежина ако изврши притисок врз нозете,
  • · Користете производи кои ќе ви овозможат инстант олеснување, ќе ве ослободат од болката поврзана со оток и ќе ги намалат проширените вени.

Коментари

Популарно