Перо Антиќ го пречека Пандев

Македонските репрезентативци кои настапија на ЕП 2020 пристигнаа во Македонија.

Пречекот на аеродромот во Скопје го направија првиот човек на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, и претседателот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Меѓу присутните имаше и навивачи кои чекаа да се фотографираат и да земат автограм од фудбалерите. Во фокусот е Горан Пандев, капитенот на Македонија кој веќе кажа дека нема повеќе да игра за националниот тим.

Коментари

Популарно