(Фото) Богатата наследничка ги покажа облините кои сите ги воодушевија

27-годишната Елетра Ламборгини во Италија е позната како пејчка, танчарка и учесничка во шоу програми. Сепак, попозната е како внука на славниот основач на компанијата Ламборгини, Феручиј Ламборгини. Папараци фотографите ја „фатија“ на Миконос со пријателка како ужива во сончање, возење и капење.

Елетра која во една прилика изјави дека преферира природен изглед и дека не сака силикони, парадираше на плажа во секси костим за капење во сина боја кој го истакнуваше нејзиниот задник. Исто така го покажа своето лице без грам шминка, а беше невозможно да се забележат нејзините впечатливи тетоважи.

„Многумина ми велеа дека сум предебела и дека парите можам да ги потрошам на липосукција. Но јас не сум како многуте кои целосно се оперирани, преферирам природен изглед“, изјавила во една прилика младата богаташка.

Коментари

Популарно