Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов се разведуваат

Некогашната Мис на Македонија манекенката Дунавка Трифуновска  и поранешниот директор на финансова полиција, Ване Цветанов се разведуваат.

Веста на Фејсбук ја соопшти самиот Цветанов.

„Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна. Дунавка е прекрасна личност, искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене.

Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш... Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца. Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси“, напиша Цветанов на Фејсбук.

Коментари

Популарно