(Фото) Адел „уловена“ со заводникот кој жените ширум светот го обожуваат

Баш кога помисливме дека британската пејачка ќе признае дека е во врска со познатиот рапер, таа на некој натпревар се појавила со друг маж.

Веќе две години се шпекулираше дека пејачката Адел е во врска со британскиот рапер Скепт, инаку поранешно момче на Наоми Кемпбел, а парот пред неколку денови бил виден заедно на шопинг во Калифорнија.

Баш кога сите помислиле дека конечно ќе ја признаат својата љубов, таа сите ги изненадила кога на еден натпревар се појавила со друг маж.

Станува збор за Рич Пол, најпознатиот НБА агент и најдобриот пријател на Леброн Џејмс, а со Адел тој уживал во натпреварот.

Иако не разменувале нежности, постојано зборувале и се смееле, а тоа докажува дека им е пријатно додека се заедно.

Новинарот Брајан Виндхорст во својот поткаст за пејачката изјавил:

„Агентот Рич Пол ја доведе својата девојка на натпреварот. Неговата девојка е Адел. Ова е првпат заедно да се појават во јавност, така што тоа ќе ги преполни таблоидите, особено утре“.

Инаку, пејачката изгледала прекрасно во црната облека и долгиот капут за кој модните портали истакнуваат дека потсетува на стилот на Вивиен Вествуд, а Адел исто така носела и црна заштитна маска и многу златен накит.

Инаку, Рич Пол е многу популарен во светот на спортот и се истакнал како исклучителен агент, а неговото богатство се проценува на 100 милиони долари. 

Коментари

Популарно