Нема починати лица а регистрирани се 15 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 10

• Куманово и Дебар – по 2

• Тетово – 1.

Не се регистрирани починати лица.

Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од:

• Скопје – 5

• Тетово – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234

Коментари

Популарно