(Фото) Шер е бомба и на 75 години

Американската музичка дива Шер деновиве одмара во Портофино, Италија, каде што вечера прошета низ живописниот град.

Пејачката, која го прослави својот 75-ти роденден во мај, изгледа сензационално во хеланки и маица како корсет. За својот изглед вели е заслужен строгиот режим на диета и вежбање со децении.

– Тренирам многу, пет дена во неделата, а дома сама правам зумба дома. Трчам, пешачам, на 60 години почнав да учам да сурфам … Сакам да бидам здрава и во форма и мислам дека можам да го направам тоа. Наместо месо, претпочитам вегетаријанска диета и секогаш избегнував алкохол и дрога. Пушев цигари некое време, но се откажав од нив. Јас можам да си дозволам пијалaк три или четири пати годишно, ништо повеќе од тоа – изјави  славната пејачка.

Коментари

Популарно