Времето денеска во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува  9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.

Коментари

Популарно