ВИДЕО: За само 50 евра си изградил дом во својот двор

Андрес Канто од Шпанија, денеска има 20 години и свој дом во форма на подземна пештера во дворот на своите родители. Пред 6 години, по една домашна расправија, 14 годишниот Конто решил својот бес да го канализира со копање во дворот, за денеска да може да се пофали со прв ваков потфат во Шпанија.

Пештерата е длабока 3 метри и има дневна и спална соба. Изградбата го чинела само 50 евра, а помош добил само од еден пријател со кој работеле по 14 часа неделно и сеуште не запираат.

Во подземниот дом, Канто вградил WiFi, музички ситем и систем на греење., а темпреатурата е констатно 20 до 21 степен целзиусов од Мај до Септември. Тој го зајакнал својот пештерски покрив користејќи заоблени влезови и засводени тавани зајакнати со столбови, како и бетонски sидови за да спречи уривање.

Посетата на инспекцијата на објектот заклучила дека објектот на Конте е прв ваков во Шпанија.

-Бидејќи јас сум првиот човек во Шпанија што прави нешто вакво, кога пристигна инспекцијата немаше конкретен извештај за тоа, не беше подрум, ниту складиште, беше само добро изграден подземна колиба, изјави младиот Шпанец.

Коментари

Популарно