Сопругата Корина му го спасила животот и имала само една цел

Легендарниот седумкратен шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, во 2013-та година имал несреќа додека скијал далеку од очите на јавноста, а информациите за неговата здравствена состојба се ретки и многу оскудни.

Жан Тод, актуелен претседател на ФИА и поранешен директор на Ферари во Формула 1 (1993-2008), открил нови детали за неговиот голем пријател. Тој истакнал дека клучната улога ја имала неговата сопруга Корина, која „сакала да преживее“.

По несреќата, Тод поминал многу време со Корина и бил еден од ретките луѓе на кои му било дозволено да влезе во вилата на тајните каде Михаел закрепнувал.

„Поминав многу време со Корина откако Михаел имаше сериозна несреќа на скијање на 29-ти декември, 2013-та година. Таа е одлична жена и го води семејството “, изјавил Тод за „ Sport Bild“.

Сепак, тој не застанал тука со пофалбите за оваа Германка.

„Таа не го очекувала тоа. Сè се случило одеднаш и таа немала избор. Но, таа направи сè најдобро што може. Јас и верувам и таа ми верува мене “.

Шефот на Формула 1 потоа зборувал за речиси осумгодишната борба на Шумахер и неговото закрепнување.

„Благодарение на работата на лекарите и соработката на Корина, која сакала да преживее, тој преживеа - но со последици. Сега се бори со последиците. Се надеваме дека работите полека, но сигурно ќе се подобрат “, не сакал да открие повеќе детали Тод.

Во 2019-та година, семејството објави дека прават сè што е во нивна моќ да му помогнат да закрепне, и дека се наоѓа во вила во Гланд, Швајцарија и има целодневна нега.

Коментари

Популарно