Пет градови во Холандија бараат забрана на продажба на брза храна

Властите во пет градови во Холандија се залагаат за законски процедури за забрана на продажба и набавка на брза храна, во ресторани за брза храна во обид да се бори против дебелината, пишува NL Times.

Станува збор за Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед. Властите во тие градови испратија писмо до Пол Блокхаис, државен секретар за здравство, благосостојба и спорт, барајќи поголемо овластување, вклучително и намалување на бројот на ресторани за брза храна. Се наведува дека прашањето за забрана на брза храна во рестораните е тешко, бидејќи градовите имаат мала можност да го намалат бројот во согласност со законот за животна средина.

Дел од ова ќе биде проучување на прашањето за доделување дополнителни овластувања на регионите.

„Бидејќи ја гледаме храната како индивидуален избор, општините и владите не можат да интервенираат во ова преку закон за животна средина“, изјавила Аника де Рутер, доцент на Универзитетот во Амстердам. Министерството за здравство, социјална заштита и спорт работи со општините за да помогне да се подобри средината во поглед на храната во регионите.

Коментари

Популарно