Заборавете на 69, новата поза 77 гарантира вистинско задоволство

Секс положбата 77, како што велат експертите за секс, е новата поза 69.

Таа го добила името по тоа како телата на партнерите се поставени во текот на сексуалниот однос. Но, сепак сексолозите велат дека не треба да се грижите поради тоа што не треба да имате посебни физички способности за да уживате во оваа жешка поза.

Оваа поза во сексот е слична на „положбата лажица“, односно го добила името по тоа како телата на партнерите се спојуваат додека имаат сексуален однос.

За да ја постигнете оваа нумеролошка екстаза, треба и двајцата да легнете настрана, односно партнерката да биде свртена со грб кон својот партнер додека пак нејзините нозе треба да бидат поставени околу горниот дел на нозете на мажот, а кога тој ќе почне да пенетрира жената треба да го придвижува задникот кон него.

Потоа испружете ги нозете под агол од 45 степени, но останете „залепени“ еден до друг. Можеби ви звучи комплицирано, но во пракса е многу поедноставно. Во таа положба директно ја стимулирате Г-точката, па и двајцата партнери ќе бидат максимално задоволени.

Коментари

Популарно