(ВИДЕО) Во тетовската ковид болница има жртви, пациенти изгореле со се кревети

Исклучително сериозен е пожарот кој повеќе од 40 минути беснее во тетовската модуларна ковид болница.

Од МВР велат дека нивни екипи веќе се на терен но не можат да потврдат ниту да демантираат дали и колку жртви има во огнената стихија.

Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово.

Од Министерството за здравство неофицијално потврдуваат дека има жртви но не можат да коментираат околу бројките.

На видео објавено пак на Фејсбук се гледа дека починатите веќе се изнесени надвор од опожарената зграда и се покриени со бели чаршафи.

Очевидци велат дека докторите вложувале максимални напори да ги евакуираат пациентите и со кревети и колички ги извлекувале од запалената зграда. Според последните информации, зградата е целосно изгорена.

Целото ВИДЕО може да го погледнете ТУКА
 

Коментари

Популарно