За 3 минути гори целата болница, ВИДЕО снимка од безбедносна камера од пожарот во Тетово

На социјалната мрежи објавено е видео од првите моменти од големиот пожар во модуларната ковид болница во Тетово во која 14 лица од кои 12 пациенти и 2 роднини на пациентите го загубија својот живот, пренесува Сител.

Видеото е снимено од безбедносните камери на тетовската болница, а на него се гледа со каква стравична брзина се шири пожарот и за само 3 минути целата болница е опколена со прстен од оган.

Коментари

Популарно