Овој раствор е инфузија за цвеќињата

Главната компонента за нега на цвеќињата и растенијата е навременото и правилно ѓубрење. Меѓутоа, на билките им треба и внимание и љубов како и редовни третмани кои ќе им помогнат да бидат раскошни и убави.

Покрај органските додатоци за собни растенија кои можат да се најдат во сите земјоделски аптеки, подеднакво корисни за билките можат да бидат и домашните раствори, а ние денеска ви претставуваме рецепт за еден раствор кој го користат сите искусни цвеќари.

Дали сте знаеле дека аспиринот, освен што се користи за медицински цели, може да го поттикне растот на билките и да им помогне да се регенерираат? Аспиринот содржи салицилна киселина која помага билката да расте и е корисен за сите растенија, без разлика дали ги одгледувате во двор или во саксии.

Сè што ви е потребно за овој раствор е една таблета аспирин и еден литар дестилирана вода.

Начин на подготовка:

Издробете ја таблетата и ставете ја во дестилираната вода, а потоа мешајте сè додека не се растопи. Со ваквиот раствор може да се залеваат или да се прскаат билките, а за најдобри резултати правете го тоа еднаш неделно.

Еве како делува овој раствор на растенијата:

  • делува на развојот на коренот
  • со редовна употреба, цвеќето станува побујно
  • аспиринот може да спречи производство на етилен кој е најчеста причина за овенување на цвеќињата
  • аспиринот е одличен и за букети – во вазната додајте една издробена таблета аспирин и цвеќето ќе остане свежо подолго време

Коментари

Популарно