Катрин Прескот ја удрил камион на пешачки премин

Британската актерка Катрин Прескот е потешко повредена откако на неа налетал камион на пешачки премин. Актерката поминувала на пешачки премин во Њујорк кога на неа налетал камион кој превезувал цемент.

Ѕвездата на серијата „Скинс“ по несреќата итно била пренесена во болница со скршена карлица, двете нозе, стопало и шака. Оваа вест на Твитер ја потврди и нејзината сестра близначка, Меган Прескот.

Коментари

Популарно