Времето денес ќе биде променливо облачно

Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе биде западен и повремено со засилен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 21 до 34 степени.

Во Скопје, облачно со сончеви периоди.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Коментари

Популарно