(Видео) Сузана Гавазова распеана по дома, боса „меша“ бетер од Карлеуша

Откако се појавија камерите на мобилните телефони, самосликањето стана најпрвин тренд, па потоа мода за на крајот селфитпо да стане стл на живо на многумина. Од тотални анононимуси, до најпознатите светски и домашни ѕвезди од сите профили, а најчесто на оние, естрадните.

Бидејќи рековме дека и домашните јавни фаци не се исклучок секојдневно гледаме нивни „соло“ фотографии и видеа споделени на социјалнит мрежи, зашто да го „овековечиш моментот“, а да не се пофали – исто како тоа и да не си го направил.

При тоа разни пози и помагала за што подобар кадар се во игра, па така огледалото најчесто е „најдобриот пријател“ за селфи, во поново време „стапот“ (селфи стик) за сликање исто така, но најчесто доволни се само желбата, инспирацијата, расположението, изгледот и секако, долгите раце, за да се фати кадарот за паматење, а Бога ми и самореклама…

Сузана Гавазова е една од оние македонски естрадни ѕвезди која речиси секојдневно ја има на социјалните межи со нови фотографии и видеа. Од настапи, патувања, теретана, од приватниот живот, од различни локации и разни дестинации, но и од дома, како што е последново видео.

На него струмичката фолкерка, онака како што ја дал Бог со сиот свој телесен раскош, покажа дека Гавазова во секое време е вистинска естрадна ѕвезда, дури и по дома.

Имено, пејачката во кусо спортско фустанче или можеби само маичка по прерамки на неа, што ли е веќе, си направи домашно соло караоке, па го овековечи со селфи видео. А во видеото Сузето насмеана и распеана, танцува како да е на сцена.

Фолкерката боса „меша“ бетер од Карлеуша, а секое нејзино еротски движење со колковите под здолништето ги разгорува сништата и мечтите на мажите, кои ионака се нејзините најверни обожаватели и најбројни следбеници на социјалните мрежи.

Гавазова моментот самата го снимала преточувајќи го во домашно „миксер„ селфи видео, во кое струмичката убавица налик на латино дива, провокативно „меша“, танцува се крши, а Вие внимателно погледнете го и уживајте, зашто се што е „празник за очи“ знае бргу да сврши…

Па така и ова клипче на Гавазова и нејзиниот „еротски танц“, апсолутно, само за Вас!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

Коментари

Популарно